Париз ги натера жртвите од атентатите на други места во светот да прашаат: Зошто нема сочувство и кон нас?

Од:

ДПА – Хамбург

Кога Париз беше нападнат од терористи, светот се обедии во изблик на сочувство по социјалните мрежи. Но луѓето кои беа жртви во клањата на други места во светот – од Бејрут до Белград и Најроби, сакаат да знаат: Каде беше сочувството кога нас не нападнаа?

На основа на сите француски тробојки на профилите на Фејсбук, на знаците за мир во облик на Ајфеловата кула и изблиците на сочувство по терористичките напади во Париз минатиот петок, луѓето од различни и оддалечени едно од друго катчиња во светот бавно добиваат смелост да постават праќање: „Ами ние?“

Париските атентати, во кои беа убиени 129 лица, велат тие, беа извршени само еден ден по бомбашкиот напад во Бејрут, кој одзема 43 животи, и неколку месеци по нападот во кенијскиот универзитет кога загинаа околу 159 души – а тоа се само дел од ѕверствата кои се случија во 2015 година.

-Каде беа тогаш специјалните профили на Фејсбук?, прашуваат жртвите. Зошто не можеа настраданите во Бејрут да бидат означени на Фејсбук дека се безбедни? Каде беше глобалната осуда?

-Либан беше во траор кога беше извршен нападот во Париз, рече Али Термос, кој загубил роднина во атентатот од 12 ноември. „Видовме целосно занемарување од страна на светските медиуми за тоа што се случи во Либан“.

Фатима, жителка на бејрутскиот кварт Бурџ ал Бараџие, каде пукна бомбата, за ДПА рече дека исто се чувствува заборавена.

– Тоа јасно покаѓа дека на Западот не му е гајле за невините жртви од ЛИбан по тој злостор – татковци, мајки и мали деца беа убиени во јужното предградие на Бејрут, Боже мили, и никому не му беше грижа дури и следниот ден, викна таа.

Многу луѓе велат дека ја чувствуваат болката на французите, но сакаат да знаат зошто останатиот свет не пројавил интерес и кон нивната болка. Други кои настрадале од виени дејствија на Франција, велат дека нема како да не чувствуваат извесно злобно радување.

Во Србија некои ги негираа острите јавни напади на сочувство и ги дефинираа како трендовско непризнавање на загинатите Срби при бомбардирањето на НАТО во 1999 година – во кое учествуваше и Франција.

На српските социјални мрежи стана популарна сликата во чиј горен дел се гледа живиот сообраќај во Париз, а под неа – срамнета со земја зграда некаде во Србија. И двете снимки се со датум 1999 година.

– Молете се за Србија – тоа не го видовме во 1999 г., гласеше друго популарно издание. Тоа беше придружено со сликата на Милица Ракиќ, три годишно девојче кое беше убиено од бомба на Нато, и кое се претвори во симбол на невините жртви.

Марко Ковачевиќ, 40-годишен монтер од Белград вели дека го осудува убиството на невини луќе.

– Не го мразам сочувството, но сум згрозен кога целиот свет сега сочувствува со Франција, но никој не палеше свеќи, ниту пак пееше песни кога бомбите убиваа наши деца, рече тој.

„Одбивност кон сочувството“ не е нешто невообичаено, смета белгадскиот психолог Кристина Брановиќ-Цар. „Луѓето кои се сметаат за жртви на неправда често се воздржуваат од сочувство“, рече таа. „На пример, гледаме во придобивањето на популарност изданија да се истакнува фактот дека Париз не бил единствената цел на терористите во последно време“.

Но мнозина од оние кои се чувствуваат заборавени, велат дека негодуваат не затоа што завидуваат за вниманието кое и се дава на Франција. Тие се прашуваат зошто светот нема таква енергија за да се грижи за сите.

– Гледаме дека вниманието се фокусира на сириските бегалци, а истовремено илјадници луѓе од Африка јужно од Сахара се блокирани пред вратите на Европа, рече Иса Диау, жител на Гамбија. „Таквата политика не помага за искоренување на сиромаштијата, особено меѓу младите“.

Други пак сметаат дека недостигот на внимание кон несреќите кои не се директно поврзани со Европа е едноставно дел од системот.

– Европските медиуми се продукт на Западот и затоа се силно европоцентрични. Африка никогаш не би можела да добие такво медиумско внимание од европскиот печат, ако нешто слично на случувањата во Париз би се случиле во Африка. Дури и геноцидот во Руанда не привлече толкаво внимание, рече Силвестер Одион-Акхаине, предавач на Државниот универзитет во Лагос.

Но други велат дека не можат филозофски да гледаат на тоа. Сметаат дека се е просто студена, сува статистика, како на пример 147 – првичниот број на загинати во атентатите од април во Кенија. „147 загинати, но зборувате само за Париз! Не гледам кенијско знаме на вашите фотографии од профилите“, напишна на Фејсбук Абдулахи Башир.

Нигерискиот коментатор Џаафар Џаафар има слично мислење. „Иако срцето ми е со Франција заради синоќешните терористички напади, при кои загинаа најмалку 120 луѓе, не ми останува ништо друго освен да го критикувам неразумноста на Фејсбук за недостигот на сочувство за Нигерија, откако скоро 15 илјади нигеријци беа убиени од терористи во изминативе осум години во атентати во секој ден од деноноќјата“.

Има и такви кои тврдат дека Париз заслужува внимание затоа што додека светот навикнал со насилствата на некои места, атентати насред Градот на светлината сеуште се во состојба секого да потресе. „Во Бејрут и претходно имало слични напади. Затоа луѓето не обрнуваа особено внимание. Ги интересираше поголемата слика, дека терористите се селат во Европа“, рече Патрик Фадел, банкарски чиновник.

Би можело да ве интересира

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Драма во Париз пред затворањето на Олимписките игри: Итно евакуирана Ајфеловата кула

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз