Кривична пријава за двајца стружани за кражба на дрва

Од:

Поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, СВР Охрид и Регионален центар за гранични работи-Запад, поднесоа кривична пријава против Е.К. (28) и Г.К.(21) двајцата од струшкото село Шум.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски ионформира дека во текот на септември  и октомври годинава, пријавените противправно исекле 42 просторни метра необележани дрва во шумскиот реон 46-а,  над селото Вишни во близина на месноста Три Шилки.

– Тоа го направиле во својство на работници со договор за дело за Јавното претпријатие „Македонски шуми-шумско стопанство Јабланица“ од Струга  ангажирани како секачи и дотурувачи на дрва. Со цел за себе да прибават противправна имотна корист, спротивно на правилата  за експлоатација на шумите, против правно исекле 42 просторни метра необележани дрва, изјави Димоски.

При контрола на тимови од службеници во шумската, граничната и криминалистичката полиција од Струга, најнапред пронајдени биле 14 а дополнително и останатите 18 метри просторни дрва. Полицијата извршила увид и изготвила записник за направена штета.

Би можело да ве интересира

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он