Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска организира одбележување 90 години од раѓањето на академик Ристо Лозановски.
Пригодна реч ќе одржи академик Глигор Јовановски, секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки.
За научниот придонес на академик Лозановски ќе зборуваат академик Владо Матевски, секретар на МАНУ, и проф. д-р Драги Димитриевски, декан на Факултетот за земјоделски науки и храна.