Ограбена обложувалница во гостиварското село Неготино

Од:

Во Полициското одделение-Галате, синоќа во 22.25 часот, Е.Б.(40) од село Неготино, пријавил дека од страна на две непознати лица било извршено разбојништво во спортската  обложувалница без име лоцирана во куќата на С.Д.(29) од село Неготино, а сопственост на Д.Н. од Скопје.

МВР денеска соопшти дека додека тој ја чистел обложувалницата влегле непознатите лица при што едно од нив врз главата на Е.Б. фрлил јакна, а потоа со употреба на физичка сила бил соборен на подот.

За тоа време другото лице ја извадило фиоката и од неа одзело 155 евра и околу 90.000 денари. Потоа го напуштиле местото на настанот и се упатиле правец на регионалниот пат село Добри дол-село Неготино, каде се качиле во возило непозната марка и заминале во непознат правец.

Би можело да ве интересира

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он