Богдановиќ: Дали Томислав Лазаров учествувал во големиот фалсификат со лични карти?!

Од:

Саша Богдановиќ, директор на ЈП Паркинзи Центар, го прашува координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Томислав Лазаров, како кај неговата фамилија имало уфрлено луѓе од Пустец и дали тој учествувал во големиот фалсификат со лични карти.

Еве што напиша Богдановиќ:

Ве информирам дека во неделата (22.11.2015) од моја страна беше објавен во јавноста официјален документ, заверен со архивски печат каде што јасно може да се види колкави се моите примања.

Немам потреба да ги кријам моите примања, затоа на пресот во неделата изнесов валиден документ за јавноста да може да види колку заработувам. Го повикувам г-н Лазаров да излезе со валиден официјален документ, заведен со архивски печат да ја потврди својата теорија, во спротивно да замолчи и да не шири невистини за мене и за вработените во јавното претпријатие. Лазаров и медиумите кои верно го следат ја хранат јавноста со невистини и на нечист начин сакаат да заработат поени.

Вчера поднесена е кривична пријава за злоупотреба на лични податоци поради прибирање, обработка и јавно објавување на моите податоци што се однесуваат на личните податоци под посебна заштита. Наскоро ќе биде поднесена тужба за клевета согласно Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, поради клеветничките изјави што се однесуваат за наводната месечна плата што сум ја земал од претпријатието.

Томислав Лазаров ако може да одговори како кај неговата фамилија имаше уфрлено луѓе од Пустец преку кои се обиде неговата партија ДПМНЕ да ја фалсификува волјата на граѓаните од Општина Центар. Дали Томислав Лазаров учествувал во големиот фалсификат со лични карти ?!?!

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада