Односите меѓу припадниците на племињата Хуту и Тутси забрзано се влошуваат, па Бурунди одново се наоѓа на работ од нови меѓуетнички судирања и пред заканата од повторување на геноцидот, што се случи пред повеќе од една деценија, јавуваат странските медиуми од главниот град Буџумбура.
Активисти за човекови права тврдат дека во изминатите шест месеци се убиени повеќе од 400 луѓе, иако властите збруваат за двојно помала бројка. Тоа предизвикува страв кај луѓето кои настојуваат да ја напуштат оваа африканска земја, пред можната крвава разврска на кризата што го потресува Бурунди.
Кризата почна во април годинава, кога претседателот Пјер Нкурунзиза објави дека сака да остане на функцијата и по истекот на вториот едно по друго мандат.
Опозицијата се спротивстави, тврдејќи дека тоа е спротивно на Уставот, но Уставниот суд на земјата, за кој опозициските политичари и незваинсите посматрачи тврдат дека е под контрола на власта, дозволи на претседателските избори, Нкурунзиза одново да се кандидира.
На изборите во јули тој уште еднаш извојува лесна победа, што предизвика нови демонстрации на опозицијата на улиците на Буџумбура и другите градови, во кои полицијата употреби огнено оружје.
Оваа недела истекува ултиматумот на претседателот до демонстрантите, да го предадат оружјето, но опозицијата тврди дека Нкурунзиза има стратегија, физички да ги елиминира сите свои политички противници.
Според опозициските политичари, актуелниот претседател има „вмешано прсти„ во ивршениот геноцид во соседна Руанда, па бара итна интервенција на ОН и испраќање на „сините шлемови„ во Бурунди.
Светската организација минатата недела повика на „итни разговори„ меѓу власта и опозицијата и навести дека подготвува терен за испраќање мировни сили во земјата, пред да се случи нов геноцид.
Владата на Белгија ги повика своите државјани кои престијуваат во Бурунди, веднаш да ја напуштат оваа земја , од безбедносни причини, што предизвика гневна реакција на властите кои го обвинија Брисел за „мешање во внатрешните работи“.
Во изминатите 50 години, Бурунди има доживеано две крвави меѓуетнички војни. Земјата беше 12 години во граѓанска војна, меѓу мноизинските Хуту племиња и малцинските Тутси кои ја имаат целосната контрола врз армијата. Се верува дека во воените судирања на двете племиња се убиени повеќе од 300 илјади луѓе.