Шпанската полиција уапси затвореник кој е осомничен дека регрутирал други во затворот за Исламска држава.
МВР на Шпанија соопшти дека човекот со мароканско потекло кој веќе издржува казна затвор, се смета за радикален исламист. Тој е под истрага дека во затворот Сеговија регрутирал осуденици на кои им истекува казната и упатувал закани во име на лидерот на ИД, Абу Бакар ал-Багдади.
Шпанската полиција соопшти дека е уапсен во рамки на сузбивање радикализација на затвореници. Оваа година во Шпанија се уапсени 60 луѓе осомничени дека се екстремисти и дека регрутирале други за ИД.