Еден од терористите кои го нападнаа стадионот во Париз бил регистриран на грчки остров

Од:

Според некои информации, еден од учесниците во бомбашкиот напад на стадионот во Париз на 13 ноември, во Европа стигнал преку Грција, јави денеска „То Вима“.

Весникот наведува дека француските власти објавија фотографија на еден од терористите, кои учествуваа во самоубиствениот бомбашки напад на стадионот во Париз на 13 ноември и повикаа да се јави секој што има некакви информации во врска со лицето на фотографијата.

Според грчката телевизија „Мега“,осомничениот бил регистриран на островот Лерос, пред да замине кон централна Европа. Телевизијата исто така јави дека Франција во Грција ќе испрати одреден број полицајци за борба против тероризмот.

Би можело да ве интересира

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Драма во Париз пред затворањето на Олимписките игри: Итно евакуирана Ајфеловата кула

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз