„ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски без идеи и без резултат зад себе касно се сетија на граѓаните.
Додека граѓаните осиромашуваа, додека се зголемуваше невработеноста, Никола Груевски во изминатите десет години мислеше на провизии, тендери, парцели на Водно, на мерцедес од 600 илјади евра, на очила од 60 илјади долари…
Очигледно и „идеите“ Никола Груевски ги собира како виртуелните инвестиции со коишто нереално се расфрла на крајот од мандатот.
Така на пример, провладиниот „Дневник“ пишува дека ВМРО-ДПМНЕ собрала повеќе од 3.000 идеи, други провладини медиуми одат со бројка од околу 2.000 а ВМРО-ДПМНЕ официјално соопштува 1.200.
Како на лицитација да се медиумите кои ги уредува Никола Груевски па се такмичат кој медиум поголема бројка ќе напише за да ги пофали уредникот.
Тоа е таа виртуелна реалност што веќе не поминува кај граѓаните.
Затоа добро е ВМРО-ДПМНЕ да отвори книга, на многу повеќе од 800 страници и да види граѓаните што ќе напишат.
Идеја 1: Збогум Никола, идеја 2: Збогум Никола, идеја 3:Збогум Никола….и така до последната страница.
Виртуелната реалност не може да му помогне на Никола Груевски.
Во реалноста тимовите на ВМРО-ДПМНЕ коишто се задолжени да ги анкетираат граѓаните многу лошо поминуваат. Граѓаните се револтирани и одбиваат дури и да разговараат со активистите на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски без идеи и без резултат за себе касно се сетија на граѓаните.
Доцна е сега Никола Груевски да бара граѓаните да му даваат идеи.
Сега граѓаните имаа една, ама многу вредна идеја за иднината на Македонија: Збогум Никола“, се вели во соопштението на СДСМ.