СДСМ: Ќе се изјасни ли „Курир“ што е?

Од:

„Ќе се изјасни ли „Курир“ што е навистина, интернет портал, информативна агенција, агенција-партија?

На ова прашање со денови нема одговор откако самиот „Курир“ најпрво се дефинираше како интернет портал, па како информативна агенција за потоа да почне да пишува реакции на соопштенијата на СДСМ.

Согласно професионалните и етичките новинарски стандарди врвен приоритет за медиумите се непристристрасното, објективно и навремено информирање на граѓаните, со загарантирана слобода на говор.

„Курир“ не пренесува ниеден став на граѓани, здруженија, политички партии, експерти, стручни лица, коишто се критични за Никола Груевски и неговите погрешни политики.

Ниту демантите од официјалните државни институции на манипулациите објавени на „Курир“ не се пренесуваат. Дури на„Курир“е забранет и закуп на платена реклама за оние коишто имаат различно мислење од Никола Груевски.

Додека други субјекти веднаш добиваат понуди, СДСМ не може да добие понуда за закуп на рекламен простор на затоа што „Курир“ има задача да креира виртуелни вести и се што е поврзано со вистината да го блокира.

Од јавноста се крие кој навистина работи во овој портал. „Курир“ се уште го нема објавено својот импресум.

impresum Kurir

Ваквото однесување на медиумските курири е една од причините што Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан.

Затоа и Европската Комисија бара регулацијата на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.

СДСМ се бори и цврсто се залага за враќање на слободата во општеството и обезбедување на слободата во медиумите.

Граѓаните знаат, доаѓа слободна и Европска Македонија. По 24-ти априли и победата на СДСМ, медиумите во Македонија ќе бидат слободни!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага