Кинескиот производител на автомобили Geely, сопственик на Volvo , има намера до 2020 година да генерира 90 отсто од приходите од продажба на хибридни и електрични возила, во контекст на заложбите на власта на најголемиот светски пазар на автомобили, да ги насочат производителите на еколошки прифатлива технологија.
Таквата цел претставува радикално свртување за производителот познат по ‘бензинците’, а временски се поклопува со засилената борба на кинеските власти против хроничното загадување преку субвенционирање на електричните автомобили и ублажување на ограничувањата за нивно купување.
„Geely официјално ветува…дека потрошувачите ќе можат да го остварат својот сон за поседување на нов, енергетски ефикасен автомобил, по цена на традиционален“, рече извршниот директор на Geely, Ан Конгуи, еден ден откако компанијата го лансираше првото електрично возило.
Компанијата со седиште во Хангзоу продаде во девет месеци оваа година вкупно 422.000 возила, што е 10 отсто повеќе во однос на истиот период лани и го зазема осмото место меѓу кинеските марки, покажуваат податоците на тамошното здружение на производители на автомобили.
Од Geely најавуваат дека повеќето најавени нови возила ќе бидат хибридни, а 35 отсто само електрични.
Според расположливите податоци, овој потег, доколку го даде саканиот резултат, би требало тројно да ја зголеми годишната продажба на нови, енергетски ефикасни возила во Кина, кои во периодот од јануари до октомври се продадени нешто повеќе од 171 илјада.
Оваа кинеска компанија во 2010 година го купи шведски Волво за 1,5 милијарди долари, а три години подоцна и Manganese Bronze, производителот на култните лондонски црни такси возила, за 11 милиони фунти(17 милиони долари).
Новите цели засега не го вклучуваат и Волво“, рече портпаролот, одбивајќи да ги коментира идните планови за оваа марка.
Во Кина минатата година вкупно се продадени 23,49 милиони возила, што е 6,9 отсто повеќе од 2013 година.