Полицијата во Лондон денеска целосно ја блокира улицата Блекфрајарс, во јужниот дел на градот, откако било запрено комбе и биле уапсени тројца мажи.
Лондонската полиција не соопшти детали зошто комбето е запрено, но сообраќајот и понатаму е блокиран.
На местото на инцидентот се наоѓаат најмалку едно амбулантно возило, а подрачјето го надлетува полициски хеликоптер.
Полициската акција во Лондон уследи откако денеска Брисел е речиси целосно блокиран поради терористички закани. Во главниот град на Белгија во сила е највисоко ниво на опасност од терористички напади, една недела по терористичките напади во Париз, каде загинаа 130 луѓе.