Куманово домаќин на Кожув

Од:

Воведниот натпревар од 7.коло на Првата македонска кошаркарска лига во машка конкуренција ќе се одигра денеска, во Куманово каде вицепрвакот го пречекува составот на Кожув.

Ова е дуел на две од трите македонски екипи кои покрај натпреварите во домашното првенство, настапуваа на меѓународна сцена. Кумановци играа во ФИБА Еврокупот, додека гевгеличани се македонскиот преставник во Балканската лига.

Инаку, оваа рунда ќе биде пролонгирана се до среда (25 ноември) поради обврските на шампионот МЗТ Скопје Аеродром во регионалната АБА лига:

Комплетни двојки за 7. коло:

сабота
17.00 Куманово – Кожув

Недела
20.00 Карпош Соколи – Работнички

Вторник (24.11)
20.00 Струмица – Фени Индустри

Среда (25.11)
19.00 Бест – МЗТ Скопје

Табела:
1. МЗТ Скопје 11 бодови,
2. Карпош Соколи 11,
3. Фени Индустри 9,
4. Работнички 9,
5. Кожув 9,
6. Куманово 9,
7. Струмица 8 и
8. Бест 6.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ