ВИДЕО: Поради проблемот во „11 Октомври“, 472 лица се без октомвриска плата

Од:

472 лица, вработени во 7-те Основни училишта на територијата на Општина Центар се без плата за октомври месец поради проблемите во основното училиште „11 Октомври“.

Се уште има двојство во раководството, во директорскиот кабинет седи Васко Лазаревски назначен за В.Д. директор, поставен од градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и разрешената директорка, Даниела Костадинова.

Додека трае жалбената постапка, не може да бидат исплатени не само платите во „11 Октомври“ туку и другите училишта бидејќи блок дотациите за плати се на единствен платен список.

Жерновски ја разреши Костадинова поради труењето на стоте деца и констатирани неправилности во работата. Костадинова во ист ден поднела жалба до владината комисија и го добила решението и веднаш во Централниот регистар и го верификувале потписот, на што се жали Лазаревски.

Група родители се револтирани и незадоволни од сега разрешената директорка и јавно ја прашаа зошто не пријавила обид за киднапирање на децата.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски