МВР: Состојбата на границите е стабилна, од Табановце за 24 часа транзитирале 2.715 мигранти

Од:

Состојбата на јужната и на северната граница и прифатните центри кај Гевгелија и Табановце во изминатите 24 часа е мирна и стабилна, информираат за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Во изминатите 24 часа во прифатниот центар Табановце пристигнале и заминале вкупно 2.715 мигранти. Според податоците од МВР, од ноќеска на полноќ до 08 часот утрово на Табановце се пристигнати 45 лица, а се издадени 12 потврди за азил. Моментално, информираат од МВР, во кампот се наоѓаат 280 лица.

Во прифатниот центар на јужната граница во Гевгелија во овој момент, според МВР, во кампот се наоѓаат 500 лица кои чекаат да заминат кон Табановце.

Како што за МИА информираа од МВР, има информации дека од грчка страна има околу 2.000 лица кои чекаат за влез на македонска територија.

– Овие бројки постојано се менуваат, напоменуваат од МВР.

Претходно, како што јави дописникот на МИА од Гевгелија, изминатото деноноќие од прифатниот камп кон Табановце, според информацијата од регионалниот Центар за управување со кризи во Гевгелија, транзитирале 4.440 мигранти, кои по евидентирањето и закрепнувањето, патот кон северната граница го продолжиле со специјалните возови и такси возила.

Од прифатниот камп во Гевгелија кон Табановце се пропуштаат сите мигранти, но тие претходно од македонска страна се селектираат на граничниот камен 59, така што се пропуштаат само мигрантите од Сирија, Авганистан и Ирак. Останатите мигранти се враќаат назад во Грција, чии што погранични органи воопшто не вршат селекција.

Ситуацијата во кампот, според информацијата од ЦУК, е мирна и под целосна контрола. Сите служби во кампот кои постојат за обезбедување хуман третман и евиденција на мигрантите, функционираат нормално.

Би можело да ве интересира

За три дена МВР „подели“ дури 2.490 казни за учесници во сообраќајот

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

МВР вработува 150 полицајци

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот