Прогласени најдобрите млади домашни вина

Од:

Виното од сортата „Шардоне” на Блашко Тасев од кавадаречкото село Сопот доби „Гран при” на натпреварот за најдобро младо вино произведено од домашни производители, кој се одржа Кавадарци, во организација на Здружението на винари од Македонија.

Во категоријата бели вина за најдобро беше прогласено виното од истата  сорта, произведено од кавадарчанецот Сашо Тасев. Смедеревката на кавадарчанецот Ацо Милошев, пак, го освои второто место, а ризлингот на Влатко Митровски од Сопот, третото.

Од црвените сорти на вина, со најмногу поени беше оценет вранецот на Душан Наумоски од Македонски Брод. Како второпласирано се најде виното добиено од „каберне” и „вранец” на скопјанецот Ристо Миовски. Третото место му припадна на неготинецот Бранко Вељанов.

Натпреварот беше организиран во рамки на манифестацијата „Божоле нуво“, посветена на младото вино.  Вината ги дегустираше  и оценуваше стручна комисија, во просториите на Земјоделскиот факултет во Кавадарци. Наградите беа доделени синоќа.

– Добивме мошне квалитетни вина, бројката на мостри е многу поголема од претходната година, рече Игно Тасев, претседател на Здружението.

Потпретседателот  Елена Богева нагласи дека манифестацијата е наменета токму за домашните призводители,  затоа што во секој од  нив се крие по некој добар мајстор на овој божествен пијалок.

– Некои по традиција која ја пренесуваат низ генерации,  некои со помодерни технологии,  сепак се мајстори кои срамежливо умешноста ја претвараат во прекрасно вино . Ова може да биде и поттик за некој од нив да стане сопственик на фамилијарна винарија. Секое хоби може да премине во сопствен бизнис, додаде Богева.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8