Со трите натпревари што се играат вечерва, стартува последното 6. коло од првата групна фаза од женската ракометна Лига на шампионите.
Единствениот тим што има максимален учинок, рускиот Ростов Дон, гостува во Љубљана кај Крим.
Другите два дуела што се играат вечерва се од Д групата: Будуќност – Лублин и Букурешт – Савехоф.
Двојки од 6. коло и табели:
А група: Крим – Ростов Дон и Ларвик – Баја Маре.
Табела: Ростов Дон 10 бодови, Ларвик 6, Баја Маре 4, Крим 0.
Б група: Турингер – Подравка и ФТЦ – Флери.
Табела: ФТЦ 9, Флери 5, Турингер 3, Подравка 1.
Ц група: ЖРК Вардар – Хипо и Митјиланд – Ѓер.
Табела: Ѓер 8, ЖРК Вардар 6, Митјиланд 6, Хипо 0.
Д група: Будуќност – Лублин и Букурешт – Савехоф.
Табела: Будуќност 9, Букурешт 7, Савехоф 4, Лублин 0.
Одложениот натпревар од групата Ц меѓу Флери и Турингер ќе се одигра на 6 јануари 2016 година.