Делегација од ЛДП на конгресот на Европските либерал-демократи во Будимпешта

Од:

Делегацијата на Либерално демократската партија, предводена од претседателот, Горан Милевски, учествува на конгресот на АЛДЕ – Алијанса на либерални демократи во Европа, што се одржува во Будимпешта од 19 – 21 ноември.

На маргините на конгресот, претседателот Милевски оствари бројни билатерални средби,  помеѓу кои и со пратеникот во Европскиот парламент, Ханс ван Баален, кој на овој конгрес е  кандидат за претседател на АЛДЕ; престедателот на Сенатот на Романија, Калин Попеску-Тариецану и Илхан Кучук, исто така, пратеник во Европскиот парламент.

На средбите помеѓу другото, се разговараше за можностите кои и’ стојат на располагање на Македонија за забрзување на евроатланските интеграции, за актуелната политичка состојба во Македонија и во регионот, како и за зајакнување на соработката на ЛДП со АЛДЕ.

Во составот на делегацијата, покрај претседателот Горан Милевски, се и Зоран Шапуриќ,  потпретседател на ЛДП и Владимир Кироски, секретар за меѓународна соработка на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш

Зајкова: Здружените напади и заканите нема да ме предомислат – ЛДП останува доследна на своите програмски принципи по кои сме препознатливи

Предраг Петровиќ

Зајкова: Со конкретна стратегија до подобри резултати и повеќе влијание во локалната самоуправа