Француските власти до минатата недела не знаеја дека Абделхамид Абуд, организатор на терористичките напади во Париз, се наоѓа во Европа, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев.
Тој истакна дека Франција не добила никакви информации за движењето на Абуд од европските партнери.
Претходно, „Шпигел“ објави дејка Абуд неколку пати претстојувал во Германија. На 20 јануари 2014 година полицијата ги проверувала неговите документи на аеродромот во Келн пред да полета за Турција. Абуд претстојувал во Келн и во 2007 година при што побарал од локалните власти да му издадат привремени регистерски таблички.
Париското Обвинителство денеска соопшти дека Абуд е убиен во вчерашната полициска рација во предградието Сен Дени.
Абуд, 28-годишниот белгиски државјанин, беше осомничен дека е главен организатор на крвавите терористички напади во Париз на 13. ноември, кога загинаа 129 луѓе.