Британскиот весник „Дејли мејл“ објави снимка на која еден од терористите во париз пука низ улиците на градот. Во еден момент на снимката се гледа како една жена е можеби најсреќната во тој момент-кога терористот сака да пука и да ја убие, му е заглавува пушката.
Снимката од безбедносните камети покажува сцени неколку моменти пред нападот, но и самиот напад.
Нпаѓачот на снимката држи калашњиков вперен кон една жена додека таа се крие под масата. Тој пробува неколк пати да пука во неа но пушката не работи. Нејасно е дали остана без муниција или пак пушката се заглави.
Терористот тогаш истрчува на улицата во автомобилот што го чека. Жената станува, гледа околу себе и бега.