„Шкода 130 РС“ – 40 години на „Поршето од Истокот“

Од:

Тркачката верзија на „Шкода 110 Р Купе“ беше претставена во 1975 година и во следните години овој автомобил забележа бројни успеси на европските рели трки и патеки.

Една година пред премиерата на моделот „130 РС“ компанијата „Шкода“ направи три прототипа со ознаката „200 РС“. Меѓутоа, бидејќи овие автомобили не ги задоволуваа новите натпреварувачки регулативи, чешкиот производител ја разви „Шкода 130 РС“ (Rally Sport) што имаше маса од само 720 килограми.

Вака малата тежина беше постигната благодарение на тоа што некои делови од каросеријата, како панелот од вратите, покривот и хаубата, беа изработени од алуминиум, додека другите елементи, како калниците беа направени од пластика зајакната со фиберглас.

Предната осовина на автомобилот беше преземена од прототипот „200 РС“, а задната беше сосема нова изработка.

Конструкцијата на возилото беше темелена на сериската „Шкода 110 Р“. За погон беше употребен четирицилиндерски 1.3-литарски бензинец со 140 „коња“, а силата на задните тркала се пренесуваше преку четирибрзински мануелен менувач.

На почетокот постоеше и варијантата со пет брзини, но таа беше отфрлена во 1976 година заради промената во натпреврувачките правила. Автомобилот можеше да развие завидни 220 километри на час.

„Шкода 130 РС“ се покажа супериорна веќе на самиот почеток, кога во сезоната 1975 година ги зазеде првите три позиции во трките за Купот на Чехословачка.

Во  следните години беа забележени и меѓународни успеси на престижни трки.

Најважниот резултат беше постигнат во 1981 година со освојувањето на титулата на Европскиот шампионат за туринг автомобили.

„Шкода 130 РС“ се прослави и на меѓународната рели сцена. Верзијата што беше конструирана за овој вид натпревари, првите интернационални победи ги оствари веќе во 1976 година, во дебитантската сезона, за веќе во 1977 година да забележи двојна победа на релито во Монте Карло, во категоријата до 1300 ццм.

Една година подоцна „Шкода“ тријумфираше и на релито во Шведска, а во 1980 година овој автомобил ги зазеде првите пет места на Барум релито.

Благодарение на постигнатите резултати во 70-тите и 80-тите години од 20. век, „Шкода 130 РС“ беше позната и како „Порше од  Истокот“.

Спортското наследство на „Шкода 130 РС“ денеска е присутно во моделот „Октавиа РС 230“ што е придвижуван од 2.0-литарски ТСИ мотор со 230 кс. Овој автомобил е во  состојба од место до стотка за забрза за 6,7 секунди, додека максималната брзина електронски е ограничена на 250 километри на час.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ