Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека нападите во Париз покренаа бран на омраза кон муслиманите и бегалците во Европа и побара од европските лидери да апелираат на „здрав разум“ во своите земји.
Ердоган изјави дека извештаите за напади врз муслиманите и „заострените мерки“ кон бегалците по нападите во Париз, само ќе придонесат за „продлабочување на трагедијата“.
– Ако не ги спречиме расистичките напади и фаталните чекори, ќе биде неизбежна нова опасна трагедија. Расизмот заедно со омразата кон Исламот е најголемо зло и опасност, изјави Ердоган.
Турскиот претседател рече дека тој како муслиман ги осудува нападите на радикалната група Исламската држава и ги повика останатите лидери-муслимани да го направат истото.