А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Итна заштита на балканскиот рис, бараат екологистите

by А1он19/11/2015 - 13:45168
Share0

Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN) оцени дека балканскиот рис заслужува итна заштита бидејќи на овој подвид на евроазискиот рис му се заканува целосно исчезнување.

Добивај вести на вибер

Диме Меловски, раководител на проект во Македонското еколошко друштво (МЕД) на денешната прес-конференција истакна дека за овие 10 години преку Програмата за зачувување на балканскиот рис собрале адекватни податоци за да може да го проценат статусот на рисот според стандардите на IUCN.

– Увидовме дека тој статус е критично загрозен. Достигнувањето да се признае и публикува еден вид во една ваква листа е од огромно значење и за поздравување. На овој начин се дава голема видливост и публицитет на балканскиот рис. Со самото тоа што е на листата овој подвид е всушност „политички“ признат и препознаен како загрозен и сите негови понатамошни закани треба да се сузбијат, изјави Меловски.

Тој додаде дека по категоријата критично загрозен на скалата на IUCN следува катогоријата „исчезнат во дивина“ и „целосно исчезнат“.

– До пред една декада, рисот беше непознат за локалното население, а неговата појава се граничеше со мит. Соработката со многу засегнати страни, пред се ловџии ја отвори вратата кон потемелно проучување и заштита на ова животно како и на неговиот плен. Секако, следен чекор ќе биде да се доведе неговиот статус од критично загрозен во загрозен, што ќе значи да се зголеми неговата популација од сегашни 30-тина возрасни единки на над 50, изјави Ѓорѓе Иванов од Македонско еколошко друштво.

Балканскиот рис е посебен подвид на евроазискиот рис. Неговиот статус според критериумите на Меѓународната унија за заштита на природата е критично загрозен со проценети 19 до 36 возрасни единки.

„Програмата за закрепнување на балканскиот рис“ е проект што се спроведува од страна на неколку невладини организации, научници и волонтери од регионот, Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора, како и од Германија, Швајцарија и Норвешка. Благодарение на проектот, во Албанија и во Косово се прогласени нови национални паркови кои во голема мерка ќе помогнат во зачувување на дивиот свет. Овие заштитени подрачја ќе треба да се носители на заштитата на флората и фауната на Балканот и пошироко и иден дом за ова загрозено животно.

ekologija

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Горан Наумовски06/10/2025 - 13:4406/10/2025 - 13:52

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

Горан Наумовски17/09/2025 - 19:07

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ29/03/2025 - 11:1029/03/2025 - 11:56

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ06/11/2024 - 09:3510/11/2024 - 23:03

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он05/05/2022 - 16:18

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он06/12/2021 - 15:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен