Катстратовиќ против Хипо ќе им даде шанса на резервите

Од:

ЖРК Вардар в сабота го игра последниот натпревар од првата групна фаза од Лигата на шампионите против австриски Хипо. „Црвено-црните“ се апсолутни фаворитки на овој дуел и поради тоа тренерот Кастратовиќ најави поголема минутажа за играчите кои почесто се на резервната клупа.

– Најтешко се играат натпреварите добиени однапред. Затоа се обидувавме оваа недела девојките да ги задржиме под тензија и да одработиме како што е потребно и да се фокусираме на дуелот. Јасно е дека шанса ќе добијат оние ракометарки кои на досегашните дуели имаа помала минутажа. Важно е и како ќе одиграме, бидејќи ова е последен дуел пред групната главна фаза и пред ракометарките да заминат на подготовки со своите репрезентации.

Сираба Дембеле изминативе натпревари беше една од подобрите во составот на Кастратовиќ

– Мора да победиме. Треба да одиграме добро, особено што од натпревар во натпревар играме се подобро. Победата е важна и за самодовербата.

Претседателката на клубот Гордана Нацева се осврна на досегашните настапи.

– Задоволни сме што со четири бодови ќе продолжиме во главната фаза и за тоа што не очекува таму. Секако ќе имаме и доволно време да се подготвиме и за продолжувањето од Лигата на шампионите,

Поради повредата добиена на последниот натпревар Сања Дамњановиќ сигурно нема да биде во составот. Потребен е посебен третман за нејзината повреда, но сепак не ставува збор за нешто посериозно.

Натпреварот ЖРК Вардар – Хипо се игра во сабота во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“, додека вториот дуел од 6.коло од групата Митјиланд – Ѓер играат во недела,

Табела: Ѓер 8 бодови, Вардар 6, Митјиланд 6, Хипо 0.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска