САД: Римската базилика „Свети Петар“ и миланската „Ла Скала“ потенцијални цели на терористи

Од:

Властите во Италија имаат информација за петмина наводни терористи кои можно е да планираат напади врз италијански цели, јави ДПА.

Федералната служба за разузнавање на САД доставила информации за осомничените до италијанските колеги. Петте лица имаат арапски имиња.

Стејт департментот предупредува дека потенцијални цели на терористите се базиликата Свети Петар во Рим, катедралата во Милано и операта Ла Скала. Американската Амбасада во Рим предупреди денеска граѓани на САД дека „терористички групи може да преземат исти методи како и оние во Париз“.

Би можело да ве интересира

Во САД се пронајдени 200 деца кои се бараа како исчезнати

Горан Наумовски

Американските бази во Европа во состојба на готовност поради можни терористички напади

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски

Нова трагедијата во Флорида: Девојче почина во вжештен автомобил

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија