Убиен организаторот на терористичките напади во Париз

Од:

Абделхамид Абауд, човекот за кој се верува дека стои зад терористичките напади во париз, во кои загинаа најмалку 129 лица, убиен е во денешната операција во Сен Дени, Јави Вашингтон Пост.

Според весникот, два високи разузнавачки офицери потврдиле дека познатиот милитант од Исламска држава е убиен за време на операцијата во париското предградие.

Две лица, за кои се верува дека се Абделхамид Абауд и Салах Абдеслам, загинале во станот во кој се криеле терористите откако жена-самоубиец го активираше експлозивот на нејзиниот појас.
– Во урнатините од станот во Сан Дени, каде француските сили денеска спроведоа антитерористичка операција, најверојатно се наоѓа тело на осомничен терорист, пренесе ТАСС, повикувајќи се на изјава на портпаролот на француското Министерство за надворешни работи.

Во акцијата што следуваше уапсени се пет лица, меѓу кои и една жена, а повредени се петмина полицајци.

Абауд е роден во Белгија и израснал во бриселската населба Моленбек, која се смета за легло на радикални исламисти.

Би можело да ве интересира

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Драма во Париз пред затворањето на Олимписките игри: Итно евакуирана Ајфеловата кула

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз