Јапонците го понудија новиот луксузен компактен кросовер „Infiniti QX30“

Од:

Јапонскиот премиум производител на автомобили на купувачите им понуди ново возило во својот компактен сегмент. Моделот „Infiniti QX30“ својата светска премиера ќе ја има на актуелниот авто салон во Лос Анџелес, а во продажните салони ќе пристигне кон средината на 2016 година.
Доколку хечбекот „Q30“ претставуваше далекуисточната верзија на „Мерцедес А класа“, „Инфинити QX30“ може да се опише како јапонскиот „Мерцедес ГЛА“.

Дизајнот е преземен од споменатиот „Инфинити Q30“, што беше прикажан на саемот на автомобили во Франкфурт, во септември 2015 година. Во споредба со овој хечбек, „QX30“ ќе има дополнителни заштитни елементи на долните делови од каросеријата и типични покривни шини карактеристични за урбаните кросовери.

Слично е и во внатрешноста на возилото, а како и во случајот со „Инфинити Q30“ и овде можат да се забележат елементи што се позајмени од „Мерцедес“.

Производителот засега не ги открива техничките детали на возилото и спецификацијата на моторот, но познато е дека „QX30“ има погон на сите четири тркала, најверојатно, исто така, преземен од „Мерцедес“.

Иако податоците за погонските системи не се обелоденети, се очекува на располагање да бидат истите мотори што го придвижуваат и „Инфинити Q30“.

Станува збор прво за 1.6-литарскиот турбо бензинец што е достапен во две варијанти, со 122 кс (90 кW) и 156 кс (115 кW), додека во врвот на понудата најверојатно ќе биде и 2.0-литарскиот  турбо-бензинец со 211 кс (155 кW).

Што се однесува до дизелашите, базниот модел треба да биде опремен со 1.5-литарски мотор од 109 кс (80 кW), додека посилниот, 2.2-литарски агрегат ќе произведува 170 кс (125 кW).

За пренос на снагата ќе се користи шестбрзински мануелен менувач или опциски седумостепена трансмисија со двоен кумплунг.

„Инфинити QX30“ ќе се произведува во Сандерленд, во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ