СДСМ: Единствена Македонија му порачува на Груевски: Збогум!

Од:

„Нели на Никола Груевски му дојде до измислици за федерализација, мора да станал свесен дека ништо друго не ги покрива неговите катастрофални политики.

Неодговорниот Груевски во последните денови од неговиот мандат се обидува да разгорува меѓуетнички тензии, но граѓаните на Македонија никогаш не биле поединствени.

СДСМ ја гради Македонија единствена, во едно општество за сите граѓани, со сите граѓани. Тоа стои во платформата Визијата за Македонија, тоа го знае и цела јавност.

Груевски со неговите лаги за непостоечка федерализација, не може да ја избегне одговорноста за:

-626.312 граѓани кои заминале од Македонија!

-За над 180.000 граѓани кои живеат со по 40 денари на ден!

-За над 10.000 фирми затворени фирми, секоја трета фирма со блокирана сметка!

-За дното на кое ја спушти Македонија по странски инвестиции во Европа!

-За смртта на новороденчиња, три пати поголема во Македонија од просекот на земјите од Балканот и ЕУ!

-За првото место на Македонија во ЕУ по изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички, поради што умираат повеќе од 1.350 луѓе годишно!

На 24 април заминуваат и Груевски и неговите измислици.
Единствена Македонија му порачува на Груевски:
Збогум Никола!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација