Словенија демантира дека со Австрија ја затвораат заедничката граница

Од:

Словенечката влада ги демантираше медиумските тврдења дека Словенија и Австрија одлучиле да ја затворат својата заедничка граница, за да го запрат бранот бегалци и мигранти од Сирија и земјите на Блискиот Исток, јавува Ал Џезира-Балкан.

Министерот за внатрешни работи, Весна Геркаш-Жнидар, изјавила дека информациите на „некои медиуми“ околу затворањето на границата „се целосно неточни и невистинити“.

Таа рекла дека границата не се затвора, туку дека само се определуваат точните места каде единствено може да минуваат бегалците.

Во Брдо кај Крањ, се одржа заедничка средба на министрите за внатрешни работи на Словенија и на Србија, Македонија и Грција, околу бегалската криза и „балканската траса“ по која се движат бегалците од Турција кон богатите земји во ЕУ.

Средбата заврши со согласност за подобра координација и меѓусебна соработка, при што сите четири земји се согласуваат со потребата за „забавување на приливот“ бегалци.

Учесниците на средбата изразија и подршка на ЕУ за потребата од постигнување итен договор со Турција и Грција, околу контролата на бегалскиот прилив.

Информацијата за наводното затворање на словенечко-австриската граница ја пренесе Радио телевизија Србија (РТС) но никој од земјите на ЕУ не ја потврди веста, за која во Белград се тврдеше дека била повод за „итно свикување“ на седница на владата и на државниот врв.

Од Брисел само беше отфрлено, како неточно, злонамерно и шпекулативно, тврдењето дека Франција побарала суспендирање на договорот од Шенген, по терористичките напади во Париз, во петокот доцна вечерта.

Во меѓувреме, српското Биро за координација на службите за безбедност, соопшти дека властите во Србија подготвуваат планови за случај „некој друг да ги затвори границите“.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг