Официјалната осуда на терористичките напади во Париз ќе биде прочитана в петок во сите џамии ширум Франција.
Францускиот совет на муслиманите, претставничко тело на околу 2.500 џамии ширум земјата, ги повика муслиманите в петок да се молат за Франција, а текстот на осудата на насилството да биде „водич“ во текот на молитвата.
– Француските муслимани на тој начин ќе потврдат дека недвосмислено го отфрлаат секој облик на насилство и тероризам, бидејќи тие се во спротивност со мирот и вредностите на исламот, се наведува во соопштението.
Големата џамија во Париз ги повика сите граѓани од исламската вероипосвест и нивните пријатели на собир в петок во главниот град на Франција, каде на 13 ноември во терористички напади загинаа 129 лица, а повредени беа над 350.