Петмина припадници на француската полиција се повредени во операцијата што се спроведува од рано изутринава во центарот на париското предградие Сен Дени, јави дописникот на МИА од Париз.
Во операцијата загинаа две лица, една жена-самоубиец, која се саморазнела со експлозивната направа на стартот на полициската интервенција и еден маж, кој бил убиен од страна на полицијата.
Акцијата започна кога француската полиција болкираше еден стан во Сен Дени, во које беа збарикадирани повеќе вооружени лица.
Француската полиција уапси вкупно пет лица, од кои три биле во станот каде се криеле терористите и уште два во негова непосредна близина.
Во мометов има кусо затишје, но се претпоставува дека еден од терористите се уште е забаракадиран во станот.
На местото околу станоти има голем број припадници на полициските сили, екипи на брзата помош и пожарникари, а како засилување во обезбедување на зоната е вклучина и француската армија.
За време на интервенцијата на полицијата на локалните жители им беше препорачано да не излегуваат од своите домови. Во прекин е и јавниот превоз во Сен Дени, а локланите власти соопштија дека училиштата и градинките денеска ќе бидат затворени.
Еден од петочните напади во репнот на Париз се случи во Сен Дени, кога во близина на стадионот „Стад де Франс“ се разнесе еден бомбаш-самоубиец, убивајќи едно лице и ранувајќи триесетина други.