Вистината за Македонија во Словенија: Заев нов ветар за иднината на Македонија

Од:

Одговорност по незаконското прислушување на над 20.000 граѓани во Република Македонија мора да има, бидејки само така ќе биде испратена пораката вакво зло никогаш да не се повтори, и во Македонија и пошироко во светот. Оваа порака претседателот Заев ја соопшти во рамки на предавањето Вистината за Македонија што го одржа денеска во Љубљана, Словенија, на покана на Меѓународиот институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES).

Во предавањето претседателот Заев посочи на клучните примери на криминално – корупциско владење на актуелната власт на Никола Груевски, со кое што Груевски и неговите соработници ги окупирале институциите, судството, медиумите, се пресметувале со политички неистомисленици, краделе избори.

-Проектот Вистината за Македонија е целосно насочен кон интересите на граѓаните на Македонија. Формирани се специјално јавно обвинителство, преодна влада, денови се во прашање кога Никола Груевски ќе замине.

По почетокот на работата на Специјалното јавно обвинителство очекуваме независни обвинителни акти против високи претставници на власта, рече претседателот Заев.

Тој додаде дека Вистината за Македонија е сеуште жив проект и ќе заврши кога СДСМ заедно со граѓаните ќе ги врати слободата, демократијата и европските вредности во Република Македонија.

-Тој процес е почнат. Изминатите 5 ипол недели одржавме околу 30 дебати, ја понудивме нашата визија и ги слушаме визиите на граѓаните.

Јас сум социјладемократ и се борам за враќање на средната класа. Не смееме да дозволиме повеќе од 180.000 граѓани да живеат со по 40 денари на ден.

Јас сум социјалдемократ, верувам во еднаквост и ќе се избориме против оргомната нееднаквост во државата што ја направи оваа власт.

Граѓаните се охрабрени, ја враќаме Македонија земја за гордост и почит, одговори претседателот Заев на прашањето што по Вистината за Македонија.

Претставниците на Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии (IFIMES) кои ја модерираа дебатата оценија дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев е политичар од помладите генерации и нов ветар за иднината на Македонија.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар