Сите соработници на Силвио Берлускони, се подготвени да го напуштат поранешниот премиер, поради спас на владата на Марио Монти.
Берлускони најавата партијата да се откаже од него ја оценува како објава на војна од Монти.
Меѓу позначајните соработници кои се подготвени да се откажат од Берлускони се партискиот секретар Анџелино Алфано и поранешниот министер за надворени работи, Франко Фратини.
Фратини е кандидат а нов генерален секретар на НАТО, и ја подржа кандидатурата на Монти.
Иако минатата недела Берлускони изјави дека ќе се пензионира, работите се променија кога судот во Милано во петокот го осуди на една година затвор за даночно затајување преку бизнис медиумските компании „Медиасет” и доби забрана да се вклучи во јавна функција пет години. На поранешниот премиер на Италија му се суди под обвинение дека платил за секс со 17-годишна мароканска манекенка, позната како Руби.