Единаесет луѓе загинаа во немири кои избија во бегалски камп во главниот град на Сомалија во момент на распределба на храна, јави Би-Би-Си. Меѓу жртвите се и жени и деца.
Причина за судирот меѓу полицајците кои го обезбедуваат кампот и војници, бил конфликт меѓу спротиставени вооружени формации кои го обезбедуваат кампот за време на распределба на храна.
Се претпоставува дека обезбедувањето почнало спор – кој е одговорен за поделбата на храна за бегалците по што почнала престрелка. Во кампот формиран во 2011 година се луѓе кои побегнале од исламистичката Ал Шабаб.