Јужнокорејскиот производител на автомобили „Киа“ во првата половина на 2016 година ќе го лансира глобалниот модел „Ниро“, со што оваа компанија ќе им се придружи на другите производители на автомобила кои имаат кросовер возила во својот поткомпактен сегмент.
Првите дизајнерски цртежи покажуваат дека, за разлика од истоимениот концепт од 2013 година што имаше три врати, серискиот „Ниро“ ќе има пет врати и ќе биде малку поголем.
Скиците не го одразуваат реалистичниот изглед на идниот автомобил, но укажуваат дека новиот кросовер ќе ги преземе стилските елементи од најновата генерација на СУВ моделите „Спортејџ“ и „Соренто“.
„Киа“ соопштува дека при обликувањето на каросеријата големо внимание е посветено на аеродинамичките карактеристики за да се намали отпорот на воздухот и да се зголеми економичноста во возењето.
„Ниро“ ќе биде придвижуван од хибриден систем што се состои од 1.6- литарски атмосферски бензинец со 105 кс (77 кW) и 147 Нм, електромотор и батерии од 1,56 кWх.
Силата врз тркалата ќе се пренесува со помош на шестбрзински менувач со двоен кумплунг.
Кросоверот во продажните салони ширум светот ќе пристигне во првата половина на 2016 година, а премиерата треба да се очекува на некој од поголемите саеми на автомобили кон крајот на оваа или на почетокот на следната година.