СДСМ: Брза помош им треба на Груевски и Тодоров, но доцна е

Од:

„Срамно е што Груевски и Тодоров ја користат Брзата помош за да се спасат себе си.

Нека признаат Груевски и Тодоров колку лекари и медицински персонал работат во Брзата помош без помината обука за брза помош.

Ако мислеа Груевски и Тодоров на граѓаните, зошто по 10 години од власта се сетија дека треба да прават обуки и тоа на нов персонал, во странство?

Груевски и Тородов наоѓаат начин како да испрерат уште некоја пара на граѓаните.

Груевски и Тодоров се обидуваат да го покријат хаосот во здравството:

-Револтирани хирурзи кои оперираат под стрес зашто под закани за отказ од работа од денеска се принудени да го прекинат протестот.

-Измалтретирани и незадоволни пациенти чии животи се во ризик, кои се подготвени да ја земат правдата во свои раце.

-Фактот дека 229 новороденчиња, според Европстат, починале само за една година.
-Руинирани билници, скапа опрема што не работи или стои во кутии.

Никола Груевски и Никола Тодоров ги загрозувааа животите на пациентите и на лекарите.

Груевски и Тодоров бараат брза помош за спас.

Доцна е. Груевски и Тодоров повеќе не може никој и ништо да ги спаси“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува