Француското обвинителсто посочи дека пронајдениот пасош кај еден од тероистите, а кој укажуваше дека се работи за сириски бегалец кој поминал преку балканскатра рута е фалсификат.
Француската полиција се посомневала уште од стартот- со голед дека до телото на терористот бил оставен пасош.. Тој не бил оставен на телото или на она што останало од него, туку бил фрлен со цел да биде најден, наведува Independent.
-Сопственикот на пасошот беше именуван како Ахмед Алмухамед, на возраст од 25 години. Човек со вакво име влезе со 69 бегалци откако нивниот брод потона во близина на грчкиот остров Лерос на 3 октомври.
Оваа вест според Индипендент се прошири во времето кога десничарските политичари во Европа бараа потврда за нивните повеќемесечни тврдења дека со бранот бегалци во ЕУ ќе навлезат и ќе се инфилтрираат многу терористи.
Француските официјални лица потврдија дека нема докази дека Ахмед Алмухамед учествувал во терористичките напади.
CBS news цитирајќи разузнавачки извори тврди дека пасошот најверојатно не е автентичен со оглед дека бројот на документот не е точен и не се поклопува со сликата на пасошот.
Полицијата во Париз се сомнева дека пасошот е фалсификуван во Турција, каде цвета трговијата со фалификат пасоши од Сирија. Но ова нужно не значи дека човекот што влезе во Европа од Грција како бегалец, не беше тој што се разнесе со бомба кај стадионот во Париз.