Жителите на Лерин ја блокираа границата со Македонија

Од:

Жители на грчкиот град Лерин ја блокираа денеска границата со Македонија со барање за поевтина нафта за домаќинство.

Тие во 11 часот по локално време го затворија патот кон граничниот пункт Ники. На протестот учествуваат и трговци на гориво.

Демонстрантите изјавија дека секој час ќе пуштаат по неколку автомобили.

Тие истакнуваат дека нивните дејствија се симболични и немаат за цел да создаваат проблеми на граѓаните, туку да испратат порака кон власта.

Претседателот на трговската комора на Лерин Сава Сапалидис, рече дека протестот ќе трае до 14 часот по локално време.

Жители на Лерин и Костур утре планираат да го преселат протестот во Атина, и најавија дека ќе ја гаѓаат со коцки мраз зградата на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски