Во Либан уапсени девет лица во врска со нападите во Бејрут

Од:

Либанскиот министер за внатрешни работи Нухад Машнук соопшти дека се уапсени девет лица, меѓу кои седуммина Сиријци, во врска со самоубиствените напади во четвртокот во Бејрут, во кои беа убиени 44 лица, а 239 беа повредени.

За нападите одговорноста ја презеде групата „Исламска држава”.

– Досега уапсивме седуммина Сиријци и двајца Либанци, изјави Машнук. Тој прецизираше дека меѓу уапсените има Либанец кој сакал да изврши самоубиствен напад и криумчар на луѓе, кој помогнал на некои од уапсените да ја преминат границата со Сирија.

– Целата мрежа и нејзините соработници се уапсени за 48 часа по нападите, додаде министерот за внатрешни работи. Тој прецизира дека планот бил петмина напаѓачи-самоубијци да се саморазнесат во болница во јужно предградие на Бејрут.

– Сепак им било наложено да изберат друга цел поради мерките за безбедност околу болницата, истакна Машнук.

Би можело да ве интересира

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Либанската армија се подготвува да се распореди на југот од земјата по постигнување прекин на огнот

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот