Соботка: Изјавата на Јункер за неменување на пристапот кон миграцијата разочара

Од:

Чешка мора да им помогне на луѓето кои имаат потреба, но исто така мора да мисли и на својата безбедност.

Ова го изјави чешкиот премиер Бохуслав Соботка, во реакцијата на терористичките напади од петокот во Париз, кога загинаа над 130 лица, јави дописникот на МИА од Прага.

Според него, зборовите на шефот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер за непроменет пристап кон миграцијата, го разочарале.

Јункер, денеска изјави дека земјите не треба да почнат да ги одбиваат бегалците како реакција на нападите во Париз. Според него, нема потреба земјите на 28-ката да го менуваат својот пристап кон решавањето на миграциската криза.

Јункер, оцени дека сторителите на атентатот не биле баратели на азил туку злосторници.

Чешкиот премиер, смета дека Европа досега не била доволно способна при решавањето на миграциската криза да ја нагласи безбедноста. Тој укажа на тоа, дека доколку не биде обновена безбедноста на надворешната Шенгенска граница, ќе мора сами државите-членки да го сторат тоа на своите граници.

Во таа смисла, тој нагласи дека го разочарала изјавата на Јункер и смета дека неговата реакција е недоволна.

Решавањето на актуелните проблеми со миграцијата и т.н Исламска држава (ИД), Соботка го гледа во брзото наоѓање на договор со Турција, која би можела да ги контролира миграциските текови. Исто така, треба да се завршат разговорите со Сирија, што би требало да доведе до крајот на тамошниот конфликт. Соботка оцени, дека атентатите во Франција ќе создадат поголем притисок врз Русија и САД, за да дојдат до некакво решение во Сирија.

Според него, ќе биде потребна и подобра заштита на надворешната Шенгенска граница со создавање на заедничка европска погранична и крајбрежна стража и интензивирање на борбата против ИД.
Соботка, подвлече дека Чешка ќе продолжи во поддршката на ирачката Влада и Курдите.

Исламската фондација во Прага, на својата веб страница напиша дека слободата и демократијата не треба да ја уништат никакви радикалисти, било тоа да се исламисти или десничари.

– Муслиманите ја доживуваат Чешка како своја татковина и се чувствуваат како нејзин дел. Голем дел од муслиманите, тука живеат неколку десетици години, основале семејства и своите деца ги воспитувале во духот на европските вредности. Затоа, се надеваме дека во Чешка нема да јакне противисламаското и ксенофобично расположение, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница