Земјите од БРИКС длабоко разочарани од недостигот на напредок во реформата на ММФ

Од:

Лидерите на земјите од групата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка), кои се сретнаа во Турција пред почетокот на самитот на Г-20, соопштија дека се длабоко разочарани од отсуството на напредок во реформата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

„Лидерите изразија длабоко разочарување поради недостигот на напредок во модернизацијата на меѓународните финансиски институции, особено што се однесува на договорот за реформа на ММФ”, за што се очекува да се дискутира и на самитот на Г-20 во турското летувалиште Анталија, се наведува во нивното заедничко соопштиени, објавено од Кремљ.

Лидерите од БРИКС го повикаа пред се ММФ да вложи поголеми напори за со Г-20  да се најдат решенија кои ќе овозможат конечно да се зголемат квотите во Фондот и да се ревидира распределбата на квотите и гласовите за поддршка на земјите во развој, се истакнува во соопштението.

Лидерите од групата се заложија за усвојување нов сеопфатен договор за климата, што треба да биде усогласен на претстојната меѓународна конференција во Париз на 30 ноември,  информира ТАСС, цитирајќи го нивното соопштиение.

По неофицијалната средба во Анталија, БРИКС изрази мислење дека земјите од Г-20 треба да се фокусираат на исполнувањето национални стратегии за раст. Групата предупреди дека светската економија се уште е во зона на ризик и засега не успеала да постигне одржлив раст.

На средбата одржана на маргините од Г-20, лидерите од БРИКС категорично ги осудија терористичките акти во Париз, дополнува ТАСС.

– Париските напади бараат да се остават настрана оправдувањата и да се пристапи кон создавање на единствен антитерористички фронт, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по неофицијалната средба на БРИКС.

Би можело да ве интересира

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Путин: БРИКС не создава сопствен платен систем, градиме соработка за прекугранични плаќања

Горан Наумовски

(ФОТО) Путин ја претстави замената на доларот – една банкнота за земјите членки на БРИКС

А1он

„Изолираниот“ Путин собра 40 светски лидери