СДСМ: Предизборни шарени лаги на Никола Груевски

Од:

„Премиерот во заминување, Никола Груевски, после цели 10 години, на само 2 месеци пред крајот на неговиот мандат, се сети на катастрофалната состојба со македонските возови.

За време на неговиот мандат за три до четири пати се намали вкупниот бројот на локомотиви и патнички гарнитури поради негрижа и нередовна санација.

Никола Груевски, цели 10 години не успеа да го реши ниту клучниот проблем, обнова и реконструкција на застарените железнички пруги.

Наместо реконструкција на небезбедните железници во Македонија, Груевски предизборно промовира шест возови кои не се наменети за меѓународен сообраќај.

Сега, шесте кинески возови ќе возат по небезбедни железнички пруги.

Во рамки на неговата предизборна кампања денеска Груевски отиде со воз до Велес, но не продолжи до Битола.

Затоа што има застојот од одрони на оваа делница уште од 28 октомври.

Населените места Мартолци, Теово, Согле, Богомила, Ореше, Нежилово се комплетно отсечени и немаат ниту железничка, ниту автобуска линија.  За една лекарска услуга жителите од овие места треба да патуваат по 30 километри а тоа ги чини многу.

Над 630 милиони евра Никола Груевски потроши за споменици а населените места во Македонија немаат основни комуникации, немаат лекари и амбуланти.

Груевски потроши 630 милиони евра за споменици а за шест нови возови ги задолжи граѓаните со нови 25 милиони евра, кредит од ЕБОР.

Тоа е уште една потврда за погрешните политики на господинот орочен“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он