Американски истражни органи: Нападите во Париз ги испланирала помала терористичка група во Брисел

Од:

Координираните напади на шест локации во главниот град на Франција ги испланирала помала терористичка група во Брисел, од каде, како што тврдат француските власти, биле финансирани, соопштија двајца американски истражители, кои им помагаат на француските власти во истрагата.

Американските извори, кои сакале да останат анонимни бидејќи истрагата е во тек, нагласуваат дека напаѓачите веројатно имале добро познавање за историјата и културата на Франција, а посебно на Париз, додавајќи дека е „многу веројатно“ некои од нив да живееле во Париз.

Тоа било очевидно бидејќи се движеле без проблеми низ француската метропола и извршиле координирани напади на шест места во градот – од стадион до театри и ресторани.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија