На интернет се појави снимка на која може да се чуе почетокот на пукањето во Батаклан, во текот на концертот, на калифорнискиот бенд „Eagels of Death Metal“.
На снимката се гледа моментот кога членовите на бендот, на сред настап слушаат пукање, по кое веднаш легнуваат на бината.
На концертот на „Eagles of Death Metal” во Батаклан загинаа околу 100 луѓе. Според сведоците, двајца или тројца немаскирани млади напаѓачи упаднале во салата во текот на концертот и пукале со автоматско оружје.