Tерористот со сириски пасош поминал низ Грција, Македонија, Србија, Хрватска и Австрија

Од:

Еден од терористите кој пукаше во Париз ја поминал целата балканска мигрантска рута со сириски пасош на име Ахмед Алмухамед, открива српски Блиц, кој прв го објавува идентитетот на еден од учесниците во масакрот.

Кај еден од напаѓачите беше пронајден сириски пасош на името Ахмед Алмухамед. Врз основа на тој пасош француските служби за безбедност побарале помош од српските колеги, со оглед дека знаеле дека во Србија сите се регистрираат и има најкомплетна база на податоци за мигрантите на балканската рута.

692943_naslovna-logo_ff

Грчките власти објавија дека Алмухамед влегол на територијата на Грција на 3 октомври, српските служби констатирале дека истиот влегол во Србија на 7 октомври, кај Миратовица, од Македонија. Поминал низ контрадиверзиона проверка, па со сигурност се тврди дека не бил вооружен при преминувањето на границите.

Регистриран е во центарот во прешево, каде формално побарал азил. Продолжил по патот и ако што се дознава набрзо ја напуштил Србија, преминал во Хрватска, а од таму во Австрија. Единствено не е се уште потврдено дали се работи за вистинскиот идентитет, односно дали навистина пасошот бил негов.

Би можело да ве интересира

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Драма во Париз пред затворањето на Олимписките игри: Итно евакуирана Ајфеловата кула

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз