Германецот Нико Розберг од Мерцедес, петти пат по ред ја освојува пол-позицијата во квалификациите за главните трки, а по шести пат оваа сезона го обезбедува првото стартно место.
До него на утрешната главна трка во шампионатот во Формула 1 што ќе се вози на патеката „Интерлагос“ во Сао Паоло ќе биде неговиот клупски колега и актуелен шампион Луис Хамилтон.
Од вториот ред ќе стартуваат Себастијан Фетел од Ферари и Валтери Ботас од Вилијамс.
Меѓу првите десет најбрзи на денешните квалификации се пласираа и: Кими Раиконен, Нико Хулкенберг, Данил Квјат, Фелипе Маса, Даниел Рикардо и Макс Верстапен.
Главната трка за Големата награда на Бразил е закажана за утре со почеток во 17 часот.