Грчкиот министер за внатрешни работи Никос Тоскас издаде соопштение во кое се наведува дека еден од напаѓачите во Париз, кај кого е пронајден сириски пасош, влегол во Грција преку островот Лерос во октомври.
Тоскас соопштението го издаде откако беше објавено дека кај еден од погинатите напаѓачи во Париз е пронајден пасош од Сирија.`
– Соопштуваме дека сопственикот на пасошот помина преку осторовот Лерос на 3 октомври каде е идентификуван според правилата на ЕУ. Не знаеме дали пасошот е оверен и во другите земји каде тој веројатно поминал. Ќе се обидеме колку што можеме да ја осигураме безбедноста на нашата земја и на Европа, пишува во соопштението.