Обама ќе го свика Националниот совет за безбедност поради нападите во Париз

Од:

Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе ги информира неговите највисоки советници за најновите разузнавачки податоци во врска со терористичките напади во Париз, соопшти официјален претставник на Белата куќа.

– Пред да отпатува на самитот на Г-20, претседателот ќе го свика Националниот совет за безбедност со цел да се разгледаат најновите разузнавачки податоци во врска со нападите во Париз, истакна претставникот.

Групата Исламска држава денеска презеде одговорност за повеќе координирани напади извршени синоќа во Париз, во кои загинаа 128 луѓе, а 252 се сериозно повредени, од кои 80 се наоѓаат во критична состојба. Францускиот претседател Франсоа Оланд овие напади ги нарече „чин на војна против Франција“.

Би можело да ве интересира

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски

Кина ја повика Америка на „еднакви консултации“ за царините