Француски истражни органи го утврдија идентитетот на двајца од осуммината терористи, кои синоќа извршија крвави напади во Париз, соопшти радио „Европа 1“.
Еден од напаѓачите бил француски државјанин, а другиот Сириец.
Претходно беше соопштено дека на местото на една од експлозиите во близина на стадионот „Стад де Франс“ бил пронајден сириски пасош, кој веројатно му припаѓал на еден од напаѓачите самоубијци.