(ВИДЕО) Шекеринска: Солидарност со граѓаните на Франција

Од:

„Ужаснати сме од серијата терористички напади кои што се случија во Париз доцна синоќа и сочуствуваме со болката на семејствата и на сите граѓани на Франција кои што се обединети во пораката дека нема да дозволат да живеат во страв. Денес и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати телеграма на сочуство до францускиот претседател, г-дин Оланд за големата трагедија која што се случи на француската нација и која што го загрози начинот на живот во сите слободарски држави во Европа.

Факт е дека Р. Македонија е обединета во таа порака дека ваквото тероризирање, ваквата трагедија, ваквото насилство не смее повеќе да се случува“, рече на денешната прес конференција, Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ.

„Сите сме сведоци дека тероризмот стана закана за начинот на којшто живееме и за универзалните вредности кои сите ги споделуваме на еднаквост, на слобода, на солидарност. Затоа денеска сакаме да испратиме уште една порака на солидарност кон францускиот народ, кон сите нејзини граѓани. Европа и сите слободарски држави се едногласни во пораката дека заедно ќе се спротиставиме на теророт.

Sekerinska 2

Заедно ќе се спротиставиме на нивната цел да живееме во страв и да живееме спротивно на вредностите кои сите ги споделуваме. Р.Македонија и сите нејзини граѓани во овие моменти на тага се заедно со граѓаните на Франција и сметаме дека само со ваков начин, обединети со силата на овие универзални вредности слобода, еднаквост и солидарност ќе ставиме крај на оваа дивеење на насилството“, изјави Шекеринска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ